ОРГАНИЗАЦИЈА
ИЗБРАНИ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА

Демократската партија на Македонците делува преку јасно дефинирана организациска структура заснована на принципите на демократичност, одговорност и транспарентност. Избраните тела на партијата претставуваат носители на политичкото делување, донесувањето одлуки и спроведувањето на програмските цели во интерес на македонската заедница во Србија. Преку соработката на претседателот, Претседателството, Главниот и Извршниот одбор се обезбедува стабилно функционирање на партијата, ефикасно застапување на интересите на членството и континуирана работа на зачувување на идентитетот, правата и положбата на Македонците во Република Србија.

Претседател на партијата

највисоко лице на партијата, одговорно за водење на партијата, претставување во јавноста и надзор на работата на сите избрани тела.

Маја Георгиевска

Маја Георгиевска (родена 1975 година во Панчево) израснала во семејство во кое се негувале македонската традиција, култура и силното чувство на припадност, а почитувањето на корените, идентитетот и заедништвото претставувало темел на нејзиното воспитување. Од 2004 година активно е ангажирана во работата на македонската заедница во Република Србија, со посебен фокус на зачувување на културниот идентитет, јазикот и традицијата. Во периодот од 2005 до 2011 година, како директор на Домот на културата „Младост“ во Глогоњ и на Домот на младите во Панчево, дала значаен придонес во развојот на македонската заедница преку културни програми, фолклорни манифестации и бројни проекти насочени кон негување на традицијата. Два мандати била член на Националниот совет на македонското национално малцинство, како и заменик-претседател на Извршниот одбор на Националниот совет, активно учествувајќи во донесувањето и спроведувањето на одлуки од значење за положбата на заедницата. Исто така, два мандати била член на Управниот одбор на Новинско-издавачката установа на македонската заедница „НИУ МИИЦ“, каде што придонела со авторска работа, осмислување и реализација на проекти, како и во унапредувањето на медиумската видливост на заедницата. На парламентарните избори во 2020 година била кандидат за народен пратеник во Народното собрание на Република Србија, а својот општествен ангажман го темели на уверувањето дека идентитетот се чува преку културата, знаењето и одговорното институционално делување.

Претседателство

Највисоко политичко тело на партијата помеѓу две седници на Главниот одбор, носи оперативни и стратешки одлуки, ја координира работата на партиските органи и подготвува предлози за Главниот одбор.

Д-р Игор Димитријев
Потпретседател
Д-р Игор Димитријев е истакнат член на македонската заедница во Србија и потпретседател на ДПМ (Демократската партија на Македонците). Од 2018 година активно е вклучен во работата на заедницата, со посебен фокус на организациско зајакнување, поврзување институции и унапредување на положбата на Македонците во Србија. По струка е здравствен и академски работник од Белград, со искуство во управување и образование од областа на здравствените студии. Препознат е како оперативен, одговорен и ангажиран соработник, кој придонесува за реализација на проекти, теренска работа и зајакнување на видливоста на македонската заедница.
Елена Шалевска
Потпретседател
Магистер по деловно право со положен правосуден испит. Експерт за маркетинг, медиуми и односи со јавност (ПР), со експертиза во областа на стратешки комуникации, корпоративен имиџ и деловен развој.
Александар Божиновски
Генерален секретар

Александар Божиновски од Врање ја извршува функцијата генерален секретар на Демократската партија на Македонците и советник на градоначалникот на градот Врање од листата на оваа партија. Во својата работа е посветен на унапредување на положбата на македонската заедница на локално ниво, како и на зајакнување на соработката со институциите и организациите кои придонесуваат за зачувување на културниот и националниот идентитет. Активно е вклучен во работата на македонската заедница од 2018 година, во чиј период дал значаен придонес во реализацијата на бројни иницијативи насочени кон зачувување на традицијата, јазикот и културното наследство. Со својот ангажман се залага за зајакнување на организациската структура на партијата, поголема видливост на заедницата и создавање услови за нејзин понатамошен општествен и институционален развој.

Горан Пислевиќ
Претседател на Г.О.

Горан Пислевиќ од Панчево е активен во македонската заедница од 2010 година. Во текот на својот повеќегодишен ангажман дал значаен придонес во зачувувањето на идентитетот и унапредувањето на институционалната положба на заедницата. Бил член на Одборот за образование на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, каде што учествувал во прашања од посебно значење за образованието на мајчин јазик и културната афирмација на заедницата. Денес ја извршува функцијата претседател на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, продолжувајќи со своето искуство и одговорна работа да придонесува за понатамошниот развој на организацијата.

Стефан Трајковски

Стефан Трајковски од Глогоњ од 2018 година е активен член на македонската заедница и Демократската партија на Македонците во Србија. Како член на Претседателството на партијата, се истакнува со енергија, продорност и способност да презема одговорност во реализацијата на задачите. Претставник е на помладата генерација која со својот ангажман придонесува за модернизација и понатамошен развој на организацијата.

Јован Лазаревски

Јован Лазаревски, член на Претседателството на партијата, е дел од македонската заедница од самото нејзино устројување. Во текот на најпредизвикувачките периоди покажа истрајност, одговорност и посветеност, давајќи немерлив придонес во зачувувањето на стабилноста и континуитетот на работата на партијата. Со својот ангажман, знаење и искуство активно придонесува за развојот на организацијата, го зајакнува членството и поттикнува иницијативи кои го промовираат културниот, националниот и општествениот идентитет на македонската заедница.

Душан Трифуновиќ

Душан Трифуновиќ од Ќуприја од 2018 година активно придонесува во развојот на Демократската партија на Македонците на сите полиња од нејзиното делување. Со својата одговорна и посветена работа учествува во зајакнувањето на организациската структура, теренската работа и унапредувањето на видливоста на партијата во локалната и пошироката заедница. Во актуелниот созив ја извршува функцијата член на Претседателството на партијата, каде што со својот ангажман придонесува за понатамошната стабилизација и развој на организацијата.

Зоран Мелев

Зоран Мелев од Крагуевац, член на Претседателството на партијата, активно учествува во развојот на македонската заедница од самите почетоци на нејзиното организирано делување. Во текот на годините, со својата континуирана работа, искуство и посветеност, дава значаен придонес во зајакнувањето и унапредувањето на положбата на заедницата, како и во промоцијата на културните, образовните и општествените активности кои ги оснажуваат членовите и ја шират видливоста на македонската заедница во локалната и националната заедница. Денес, со својот ангажман во Претседателството, активно го поддржува развојот на организацијата, унапредувајќи ја нејзината структура и стратешките иницијативи за идните генерации.

Ратко Димовски

Ратко Димовски од Пландиште е еден од основачите на Демократската партија на Македонците во Србија и долгогодишен столб на нејзиниот организациски и политички развој. Со својата предана работа даде огромен придонес во зајакнувањето на партиската инфраструктура, обединувањето на членството и афирмацијата на македонската заедница во политичкиот живот на Република Србија. Неговиот ангажман беше од клучно значење во периодот на консолидација и раст на партијата, што кулминираше со историскиот успех во 2012 година, кога Демократската партија на Македонците доби народен пратеник во Народното собрание на Република Србија. Во актуелниот созив ја извршува функцијата член на Претседателството на партијата, каде што со своето искуство, доследност и политичка одговорност продолжува да придонесува за понатамошниот развој и стабилност на организацијата.

Иван Ѓорѓевиќ

Иван Ѓорѓевиќ од Сефкерин, роден во Куманово, е претседател на Општинскиот одбор Опово и член на Претседателството на партијата. Активен е во македонската заедница од 2022 година, каде што со својот ангажман придонесува за зајакнување и организирање на заедницата. Сефкерин е интересна средина во составот на општина Опово, во која живее значителен број припадници на македонската заедница. Токму поради тоа, една од нашите цели е да помогнеме македонската заедница да стане повидлива во општина Опово, преку зачувување на јазикот, културата, традицијата и зајакнување на институционалното присуство на заедницата во локалниот живот.

Јасмина Галчев

Јасмина Галчев од Вршац е член на Претседателството и е активна во македонската заедница од 2021 година. Со својата предана работа и личен ангажман континуирано дава придонес во зачувувањето на идентитетот, јазикот и традицијата на македонската заедница. Преку организациски, културни и општествени активности, Јасмина активно учествува во зајакнувањето на заедништвото и афирмацијата на вредностите кои ја поврзуваат нашата заедница.

Наташа Миланков

Наташа Миланков од Панчево е член на Претседателството на Демократската партија на Македонците и е активна во македонската заедница од 2022 година. Својот придонес го дава преку креативниот израз и осмислувањето иницијативи кои имаат за цел зачувување на идентитетот, културата и традицијата на македонската заедница. Посветена е на развојот на идеи кои поттикнуваат поврзување на членовите на заедницата, зајакнување на меѓусебната соработка и афирмација на македонското културно наследство во Србија.

Главен одбор

Главниот одбор претставува највисоко стратешко и програмско тело на Демократската партија на Македонците. Тој ги утврдува политичките насоки, ги усвојува клучните одлуки и го следи спроведувањето на програмските цели на партијата во согласност со интересите на македонската заедница во Република Србија.

Кристијан Богдановиќ

Кристијан Богдановиќ од Белград, роден во Скопје, од 2018 година е дел од развојниот тим на Демократската партија на Македонците во Србија. Преку континуирана и стратешка работа активно придонесува за унапредување на организациската структура, програмскиот развој и зајакнувањето на институционалниот капацитет на партијата. Во актуелниот созив ја извршува функцијата член на Главниот одбор на партијата, каде што ја координира работата на одборот и учествува во креирањето и спроведувањето на развојните политики на организацијата, придонесувајќи за нејзиното долгорочно стратешко позиционирање и понатамошно институционално зајакнување.

Ѓорѓе Михајловски

Ѓорѓе Михајловски од Јабука е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците и е активен во македонската заедница од самото основање на партијата. Како искусен и посветен член, препознаен е како влијателна фигура во Јабука – местото кое го претставува срцето на нашата заедница. Со својата долгогодишна работа и авторитет придонесува за зачувување на идентитетот, зајакнување на заедништвото и континуитетот на делување на македонската заедница.

Раjчо Стојановски

Рајчо Стојановски од Јабука е еден од основачите на Демократската партија на Македонците и нејзин активен член од самото основање. Од 2023 година ја извршува функцијата член на Главниот одбор на партијата, каде што со своето искуство, посветеност и доследност придонесува за нејзиното организациско зајакнување и зачувување на македонскиот идентитет во Србија.

Виктор Шеќеровски

Виктор Шеќеровски од Белград е истакнат член на македонската заедница во Србија од 2004 година. Учествувал во формирањето на Националниот совет на македонското национално малцинство, давајќи придонес во институционалното организирање и зајакнување на положбата на заедницата. Исто така, учествувал во основањето на новинско-издавачката установа НИУ МИИЦ, чиј директор бил во три мандата. Со својата долгогодишна работа дал значаен придонес во развојот на медиумскиот, културниот и институционалниот живот на македонската заедница во Србија. Денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што продолжува да придонесува за стратешкиот и организацискиот развој на партијата.

Марија Лазаревски

Марија Лазаревски од Јабука е долгогодишен член на македонската заедница во Србија. Студиите ги завршила во Битола, Р. Македонија, за воспитувач како стипендист на матичната држава, во рамките на програмата за дијаспора. Го зборува македонскиот јазик како мајчин. Денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што активно придонесува во работата и развојот на организацијата.

Наташа Пислевиќ

Наташа Пислевиќ од Глогоњ е активна во македонската заедница од 2013 година. Во текот на годините, со своето залагање и учество во различни активности, покажа посветеност на зачувувањето на културниот и националниот идентитет на македонската заедница. Денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што со своето искуство, знаење и енергија активно придонесува во работата и развојот на организацијата, како и во промоцијата на активностите кои ја оснажуваат заедницата на локално и национално ниво.

Јовица Момчилов

Јовица Момчилов од Опово е член на македонската заедница од 2013 година. Во текот на годините активно учествувал во зачувувањето и развојот на заедницата преку активности во Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, а денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што со своето искуство и ангажман придонесува за понатамошниот развој на организацијата.

Андреја Шереметовиќ

Андреја Шереметовиќ од Панчево е активен во македонската заедница од 2020 година. Својот придонес го дава преку повеќе сегменти на делување – како преку кадровската работа, така и преку активистичкиот ангажман, со јасна цел за зачувување на македонскиот национален и културен идентитет, а во овој состав е член на Главниот одбор од 2023 година.

 
 
Гордана Саузер

Гордана Саузер од Панчево е Македонка која е и основач на Демократската партија на Македонците и член на македонската заедница од самото основање на партијата. Денес е член на Главниот одбор на ДПМ, каде што со своето долгогодишно искуство и посветеност придонесува во работата и развојот на организацијата.

Олгица Апостоловиќ

Олгица Апостоловиќ од Зрењанин е член на македонската заедница од 2014 година. Се истакнува како активна, сигурна и предана членка, која со својата работа придонесува за зачувување и развој на заедницата, а денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што со својот ангажман го поддржува понатамошниот развој на организацијата.

Соња Јаќимовски Гајиќ

Соња Јаќимовски Гајиќ од Глогоњ е член на македонската заедница од 2018 година. Активна е во здружението „Герман“ Глогоњ и преку својата работа придонесува за зачувување и развој на заедницата, а денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што со својот ангажман учествува во работата и развојот на организацијата.

Благоја Димитријевиќ

Благоја Димитријевиќ од Зрењанин е член на македонската заедница од 2014 година. Беше дел од тимот на почитуваниот д-р Ненад Крстески, претходниот претседател на Демократската партија на Македонците, придонесувајќи во работата и развојот на партијата, а денес е член на Главниот одбор на ДПМ, каде што со своето искуство и ангажман учествува во понатамошното зајакнување и развој на организацијата.

Предраг Јакимовски

Предраг Јакимовски од Панчево е член на македонската заедница од 2018 година. Активен е во Градскиот одбор на Панчево и преку својот ангажман придонесува за зајакнување и развој на локалната заедница, а денес е член на Главниот одбор на Демократската партија на Македонците во Србија, каде што со своето искуство и работа го поддржува понатамошниот развој на организацијата.

Гордана Лупулов

Гордана Лупулов од Панчево од 2020 година активно учествува во работата на македонската заедница и Демократската партија на Македонците во Србија. Како член на Главниот одбор, придонесува за организациско зајакнување, координација на активностите и зачувување на идентитетот на македонската заедница преку институционално делување, а во својата работа покажува одговорност, посветеност и континуитет на ангажманот во развојот на заедницата.

Основачи и први претседатели на ДПМ

Лидери кои во различни периоди со својата работа, визија и посветеност ги поставија темелите на организацијата, придонесоа за нејзиниот развој и ја зацврстија улогата на Демократската партија на Македонците во зачувувањето на националниот, културниот и институционалниот идентитет на македонската заедница во Србија.

Драган Велковски
Миле Спировски
д-р Ненад Крстески

Основач на Демократската партија на Македонците беше Драган Велковски од Нови Сад, кој ја покрена идејата за формирање малцинска политичка партија со цел македонската заедница да добие автентичен и достоинствен политички глас во Србија. Како прв претседател на партијата, ги постави темелите на нејзиниот организациски и програмски развој.

Након него, функцијата претседател ја извршуваше Миле Спировски од Јабука, кој беше и народен пратеник во републичкиот парламент, со што на партијата ѝ беше обезбедена институционална застапеност и дополнителна политичка сила.

По него претседателската должност ја презеде д-р Ненад Крстески од Зрењанин, продолжувајќи со работата на зајакнување на организацијата и зацврстување на нејзината положба во рамките на македонската заедница и пошироката политичка сцена.

Денес партијата ја предводи Маја Георгиевска, продолжувајќи го континуитетот на борбата за зачувување на идентитетот, рамноправноста и политичката застапеност на македонската заедница во Република Србија.

DPM Pančevo © | Designed & developed by Alterov Studio