Демократска партија на Македонците во Србија
Горди на своето потекло — обединети за иднината
За Демократската партија на Македонците

Демократскa партијa Македонаца формирана је 2004. године. Током година имали смо успоне и падове, али смо истрајно радили на очувању наше традиције, културе и идентитета. Године 2012. постигли смо важан успех – наш народ је добио свог посланика у Републичкој скупштини Србије. Наши одборници били су присутни у различитим градовима, укључујући Зрењанин, Опово, Панчево, Пландиште и Врање, где смо активно заступали интересе наше заједнице. Мислимо да је важно да се македонски језик и култура негују у свакој породици и школи, а кроз нашу партију радимо на томе да права македонске националне заједнице буду поштована и заступљена у парламенту и локалним самоуправама.

Нашата визија

Нашата визија е силна, обединета и институционално призната македонска заедница во Србија — заедница која гордо го чува својот идентитет, јазик и култура, но и активно учествува во општествениот и политичкиот живот на државата во која живее. Сакаме Србија во која Македонците се рамноправни, видливи и застапени во институциите. Општество во кое гласот на македонската заедница се слуша во парламентот, локалните самоуправи и во сите процеси на одлучување. Веруваме дека само организирана и одговорна заедница може да ги оствари целосните права на Македонците во Србија и да обезбеди долгорочна стабилност за идните генерации. Затоа градиме единство, доверба и институционална сила — бидејќи иднината не настанува случајно, туку со заедничка работа и јасна визија. Горди на своето потекло — обединети за иднината.

Маја Георгиевска (1975, Панчево) е долгогодишна активистка на македонската заедница во Србија која од 2004 година посветено работи на зачувување на македонскиот јазик, култура и традиција. Беше директор на Домот на култура „Младост“ во Глогоњ и на Домот на млади Панчево, член на Националниот совет на македонското национално малцинство во два мандата и кандидат за народен пратеник на изборите во 2020 година. Својата јавна и општествена работа ја заснова на уверувањето дека идентитетот се чува преку културата, образованието и силното институционално делување.

Време за промена

Дали сте знаеле дека на пописот во Република Србија околу 30.000 жители се изјаснуваат како Македонци, а дека реалниот број е поблизу до 150.000? Оваа огромна разлика е последица на асимилацијата и оддалечувањето од матицата. За разлика од другите национални малцинства во Србија, кои имаат свои претставници во парламентот, Македонците немаат доволна застапеност. Нашите деца ретко го учат мајчиниот јазик во училиштата, а здруженијата честопати повеќе го гледаат личниот интерес отколку добробитот на заедницата. Време е да се разбудиме! Време е да се избориме за своите права и да ја обезбедиме иднината на нашата култура.

DPM Pančevo © | Designed & developed by Alterov Studio